Старински рецепт за вафли: Пригответе го омилениот десерт на сите генерации!

Неодолив!

На сите им успева овој рецепт за вафли

Вафлите се идеално решение за појадок или ужина, со џем или чоколаден крем. Генерациите на овие простори растеле со вафли, а ние ви откриваме рецепт што им успева на сите.

Состојки:
  • 4 јајца
  • 1 шолја шеќер
  • 1 шолја масло
  • 1 шолја млеко
  • 4 шолји брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво
Приготвување:

Во сад за матење скршете јајца, потоа додајте шеќер, млеко, масло, брашно и прашок за печиво. Сето тоа добро изматете го со миксер, а потоа сипете ја смесата во апарат за вафли и печете ја додека зарумени. За да ви останат вафлите што подолго свежи, чувајте ги во метална кутија со капак.

Сите генерации обожаваат ВАФЛИ: Ова се трите најдобри рецепти – меки како душа, а колку подолго стојат толку повкусни се!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.