Фитнес инфлуенсерка изврши самоубиство неколку дена по 12-тиот роденден на нејзината ќерка!

Нека почива во мир...

Припадничката на американската армија и фитнес инфлуенсер Мишел Јанг на 34 години изврши самоубиство неколку дена по 12-тиот роденден на нејзината ќерка.

Нејзиното семејство во саботата објави дека Мишел била пронајдена мртва.
Јанг на Инстаграм сподели фотографија од 12-тиот роденден на нејзината ќерка Грејси само неколку дена претходно.

„Среќен роденден на најслатката девојка што сум ја знам. Грејси е духовита, амбициозна, љубезна, сочувствителна, интелигентна, вредна, урнебесна и несебична. Плачев цело време додека го пишував ова! Те сакам засекогаш дете! Најдобриот дел од мојот живот е да бидам твојата мајка“, напиша Јанг.

Јанг, која е од Прескот, Аризона, се пријавила во армијата на 17-годишна возраст.

„Бев во војска пред да станам мајка. Јас волонтирав за овој живот, Грејси не, таа мораше да биде далеку од нејзиниот единствен родител за време на мојата служба, но никогаш не се жалеше“, напиша Јанг претходно на Инстаграм.

Се уште е нејасно како и каде Јанг се самоубила…

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.