Рецепт за најдобриот варен ѓеврек: Повкусен е од купечкиот и подолго останува тазе!

Оваа состојка му дава посебен вкус

Вооружете се со трпение и фатете се за работа – вашите домашни ќе бидат воодушевени од превкусниот појадок

Варениот ѓеврек им е омилениот појадок на многумина, па затоа, ви го откриваме најдобриот рецепт на искусните домаќинки. За разлика од обичниот ѓеврек, варениот поминува низ дополнителна термичка обработка, поради што и текстурата му е поинаква, а сусамот му дава посебен вкус.

Состојки:
  • 1/2 кг брашно
  • 25 г квасец
  • 1 дл вода
  • 2 јајца
  • 50 г путер
  • сол
  • сусам
Приготвување:

1. Измешајте брашно со квасец и 1 дл млака вода, посолете, додајте путер и едно јајце, замесете тесто и оставете го да отстои 30 минути.

2. Расучете го тестото, поделете го на 10 дела, формирајте ги во ѓевреци и варете го секој од нив во зовриена вода 10 минути, додека се крене на површина.

3. Потоа, ставете ги ѓевреците во подмачкан плех и премачкајте ги со жолчка и сусам.

4. Печете ги на 180 степени во загреана рерна околу 30 минути.

Мекици од јогурт по рецепт на нашите баби: Може да се јадат за појадок или вечера – совршени се!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.