Мекици од јогурт по рецепт на нашите баби: Може да се јадат за појадок или вечера – совршени се!
Одлично одат со џем или сирење
Идеални се за појадок или вечера, а можат да се јадат со солена или слатка мачканица
Состојки:
- 1 кг брашно
- 2 јајца
- 3 дл млеко
- квасец
- малку шеќер
- прашок за печиво
- 2 дл јогурт
- 2 дл масло
- малку сол
Приготвување:
1. Во 1 дл топло млеко ставете квасец и лажиче шеќер, па оставете го квасецот да запени. Во подлабок сад ставете половина килограм брашно, активиран квасец, млеко, масло, јогурт, јајца, сол и прашок за печиво. Промешајте, постепено додавајте го остатокот од брашното и месете додека тестото почне да се одвојува од прсти.
2. Оставете го замесеното тесто на топло место да нарасне. Премесете го тестото, расучете го со сукало на дебелина од околу 1 см и пресечете го на форми по желба.
3. Пржете ги мекиците на врело масло и вадете ги на кујнска крпа за да се впие вишокот маснотија.
Коментарите се заклучени.