Рецепт за мекици: Однадвор крцкави, а однатре воздушести – мирисаат на детство!

Омилената ужинка од детство

Мекиците се една од омилените традиционални ужини и нивниот мирис нè враќа во некои поубави времиња

Кога немате многу време, а сакате да приготвите брза ужина за себе и за своето семејство, мекиците се идеални за тоа! Со помош на овој рецепт ќе добиете однатре воздушести, а однадвор крцкави и румени мекици.

Можете да ги послужите со јогурт, сирење, шунка или како слатка верзија со џем, слатко или крем. Секако, одлично одат и со различни сосови – со нив нема грешка.

Состојки:
  • 500 мл млака вода
  • 700 г меко брашно
  • 40 г квасец (1 пакување или коцка)
  • 1 кафено лажиче шеќер
  • 5 лажици масло за тесто
  • 1,5 кафени лажички сол
  • масло за пржење
Приготвување:

Во голем сад ставете квасец, млака вода, шеќер, масло. Измешајте малку со рака, додајте брашно, но не целото, малку повеќе од пола од вкупната количина. Додајте сол, но не дозволувајте квасецот да нарасне. Изматете со миксер со виулестите маталки, што се наменети за месење погусти смеси, како што е тестото. Така ќе направите убаво, мазно тесто со меурчиња. Матете со миксер додека добиете убава, мазна смеса, без грутки. Набрашнете ги малку рацете и тестото. Месете внимателно и полека за да се формира мека топка од тесто. Доколку многу ви се лепи за раце, додајте уште малку брашно и полека месете.

Загрејте ја рерната. Вклучете ја на 50 степени, но не чекајте целосно да се загрее, па исклучете ја. Рерната треба да е млака, никако жешка. Ставете го садот со тестото и покријте со крпа. Затворете ја рерната и оставете да стои така 15 минути за да нарасне тестото, нема потреба целосно да се крене.

Добро набрашнете ја работната површина, па внимателно премесете го тестото со малку брашно. Истресете го на масата, формирајте топка и расучете го со сукало. Не треба да биде премногу тенко и не притискајте силно со сукалото, за да не се залепат дупчињата на тестото и да не излезе воздухот.

Сега, важно е да го оставите да отстои 20-25 минути (зависи колку е топло во просторијата). Мекиците убаво ќе нараснат, а шупливоста ќе се зголеми. Загрејте масло, па секој пат ставајте ги врвовите на прстите во брашно за да не ви се залепат мекиците. Важно е да ги земате мекиците многу внимателно, без да ги притискате. Спуштајте ги во врелото масло, а кога добро ќе заруменат, свртете ги на другата страна. Ставајте ги на салвета за да се впијат вишокот маснотии.

Најдобриот рецепт за мекици: Ќе ви излезат меки и воздушести, токму такви какви што ги правеле нашите баби!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.