Најдобриот рецепт за мекици: Ќе ви излезат меки и воздушести, токму такви какви што ги правеле нашите баби!

Пробајте!

Мекиците се вкусно печиво што можете да го јадете со солени или слатки прилози, а ова е најдобриот рецепт

Сите го паметиме вкусот на мекиците од детството. Ова евтино, едноставно и брзо јадење беше многу често во кујните на нашите мајки и баби. Може да се полнат со разни солени и слатки филови, а некои домаќинки препорачуваат да се додаде и чашка ракија во тестото, за мекиците да впијат помалку масло.

Состојки:
  • 1 кг меко брашно, тип 500
  • пакување свеж квасец
  • 1 јајце
  • 1 лажиче сол
  • 800 мл млака вода (или пола млеко, пола вода)
Приготвување:

Во поголем сад просејте брашно, посолете, па додајте здробен квасец и јајце и постепено додавајте топла вода. Замесете меко тесто, поретко отколку за леб. Тестото треба добро да се „удира“ со лажица, додека почне да се одвојува од рабовите на садот и додека се создадат воздушни меурчиња во тестото. Потоа, покријте го тестото со крпа и оставете го на топло да нарасне. Кога ќе нарасне, треба да го премесите и повторно да го „исчукате“ со лажица, па да го оставите уште еднаш да нарасне.

Мекиците се пржат на умерена температура, во отворено длабоко тенџере. Потребно е многу масло или маст, за да пливаат, па затоа подобро е да земете помал сад и да ги пржите по една или две истовремено. Кога тестото ќе нарасне, со мокри раце зафатете малку тесто, расучете го во мекица и спуштете го во врело масло.

Пржете ги по неколку минути од двете страни, па вадете ги на салвета да се исцедат вишокот маснотии.

Најмеките и највоздушестите мекици без квасец: Рецепт по кој полудеа повеќе од 2 милиона луѓе
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.