Меси месечно заработува милиони, а еве на што троши пари жена му: Многумина се шокираа кога видоа што купува

Дознајте!

Многумина се прашуваат на што троши пари жена му на Меси, со оглед на тоа што имаат милиони, а таа ги изненадила сите

Фудбалерот Лајонел Меси почнува да се навикнува на животот во Мајами, каде што заедно со сопругата Антонела бил фотографиран како пазари во локална продавница. Фотографиите ја воодушевија јавноста, со оглед на тоа што на нив изгледаат како просечно семејство на кое не му проблем да излезе на пазарење.

Врежано е мислењето дека жените на фудбалерите водат луксузен стил на живот и дека трошат пари на скапи чевли и чанти. Но Антонела го демантирала тоа и покажала дека е вистинска домаќинка.

Странските медиуми пишуваа дека Меси заработува 7 милиони евра месечно, но ако го отворите неговиот инстаграм-профил, нема да видите раскош и луксуз.

Иако медиумите пренесуваат дека фудбалерот вози автомобил вреден 240.000 долари, на социјалните мрежи не се познава дека Меси е вториот по ред најплатен фудбалер на светот.

За разлика од неговиот ривал Кристијано Роналдо, кој обожава да се фотографира покрај луксузни автомобили и да покажува раскош на Инстаграм, Меси најчесто објавува фотографии со семејството.

Лајонел Меси (35) и Антонела Рокузо (34) се запознале преку нејзиниот брат додека сè уште биле деца, односно кога имале пет или шест години. Како што подоцна признал фудбалерот, тој се дружел со брат ѝ за да може да ја види токму неа.

Му пишувала писма и сето тоа било многу слатко, но животот ги разделил кога целото семејство на Меси се преселило во Барселона поради неговата фудбалска кариера.

„Замислете да се преселите со своето семејство на 13 години на нов континент и нивната иднина да зависи од вас. Тоа беше комплицирано време. Од една страна беше спектакуларно да се дојде и да се игра во Барселона. Од друга страна, тешко беше да се остави сè зад себе: пријателите, остатокот од семејството, детството. Пристигнавме во земја каде што немав ништо. Почнав практично од нула“, рекол Меси во едно интервју.

Големата физичка дистанца меѓу нив не ги спречила Лајонел Меси и Антонела Рокузо да се вљубат еден во друг, откако повторно се споиле поради една трагедија.

Двојката дочекала два сина пред да се венчаат во 2017 година. Наредната година, Рокузо го родила нивниот трет син.

„Мојата сопруга Антонела има многу одлични квалитети“, рекол Меси во една пригода додека играл во Барселона.

„Навистина ѝ се воодушевувам поради начинот на кој се справува со секојдневниот живот, секогаш е добро расположена и одлично им пристапува на проблемите. Многу е интелигентна и добро балансирана во сите аспекти од животот“, додал тој тогаш.

На што трошат пари фудбалерите: Никогаш не би погодиле, а Златан Ибрахимовиќ е дефинитивниот победник!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.