На што трошат пари фудбалерите: Никогаш не би погодиле, а Златан Ибрахимовиќ е дефинитивниот победник!

Ексцентрично

Фудбалот веројатно е најпрофитабилниот спорт, па не е ни чудо што фудбалерите се најплатените спортисти, а еве како тие го трошат своето богатство

Најплатениот играч на светот е Кристијано Роналдо, кој заработува 31 милион евра по сезона, потоа е Герет Бејл, па Лајонел Меси, а по него е Златан Ибрахимовиќ со 7 милиони евра заработка по сезона.

Сега се поставува прашањето: Кога имаш толку пари, како ги трошиш?

Вили, автомобили и луксузна роба

Излегло дека фудбалерите обожаваат куќи. Додека Нејмар Јуниор поседува куќа во близина на Версајската палата, Дејвид де Хеа купил вила во Шпанија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by NJ 🇧🇷 (@neymarjr)

Покрај луксузни куќи, фудбалерите обожаваат и луксузни автомобили. Па така, Мануел Нојер си купил Audi RS6 Avant, кој чини повеќе од 101 илјади фунти, додека Марио Балотели вози Бентли, што го чинело околу 172.019 фунти.

Пари трошат и на накит, брендирана облека, а најмногу на луксузни часовници што ги чинат цело богатство.

За Златан Ибрахимовиќ велат дека црквата во Стокхолм ја нарекува своја сопственост. Има план една од зградите да ја претвори во станбена зграда и така да го вложи својот пензиски фонд.

Се зборува дека фудбалерот Дидие Дрогба купил рудник со злато во вреднот од 52.343.530 фунти со желба паметно да ги инвестира своите пари.

Вејн Руни обожава тркачки коњи, а на сопругата ѝ подарил еден таков вреден 103.187 фунти.

Но фудбалерите не мислат само на себе. Има и такви што даваат големо богатство во хуманитарни цели. Еден од нив е Вилфрид Заха кој донирал 10% од својата месечна заработка во добротворни цели. Тој почнал да донира од првата своја плата заработена како професионален фудбалер. Најголем дел од неговите донации одат кај сиромашните.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wilfried Zaha (@wilfriedzaha)

И Кристијано Роналдо не е скржав. Напротив, тој важи за еден од највеликодушните фудбалери, а на тоа во прилог му оди и неговата голема донација од 89.000 фунти во 2013 година, што ја донирал за Црвен крст.

Во 2014 година, кога неговиот тим ја освоил Лигата на шампиони, Роналдо добил бонус од 450.000 фунти, кој фудбалерот директно го дал во добротворни цели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Кога Индонезија ја погодил катастрофален земјотрес, Кристијано Роналдо одлучил лично да оди таму и да им помогне на луѓето, бидејќи на прилог на вестите видел несреќно момче како седи среде урнатини, додека на себе носи дрес од Кристијано Роналдо.

Постои и приказна за момче кое во 2009 година се борело со рак. Роналдо го сместил неговото семејство во хотел, а на детето му платил лекување во приватен медицински центар за цела година. Момчето, за жал, починало во 2013 година.

Мохамед Салах е египетски професионален фудбалер кој е познат по тоа што основал фондација која финансиски им помогнала на околу 450 семејства.

Кога египетската економија минувала низ тежок период, Мохамед ѝ донирал на владата 234.000 фунти. По терористичкиот напад во Каиро во 2019 година, за време на кој настрадал Националниот институт за рака, Мохамед донирал 2,5 милиони фунти од свој џеб за поправка на Институтот.

Изгледа дека зад раскошните животи на славните фудбалери се крие големо срце.

КАКВА ГЛЕТКА: Најзгодните фудбалери Ронадло и Меси заедно играат шах! (ФОТО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.