Здравјето на Селин Дион сè повеќе се влошува: Пејачката со божествен глас едвај се движи!

Не може да ги контролира движењата на телото

Минатата година на обожавателите им соопшти дека мора да ја одложи светската турнеја поради болеста

Една година откако објави дека боледува од синдром на вкочанетост, болест што предизвикува неконтролирани грчеви и вкочанетост на мускулите, здравствената состојба на пејачката Селин Дион (55) сè повеќе се влошува.

„Таа веќе нема контрола над мускулите и не може да ги контролира движењата на телото. Срцето ми се крши бидејќи таа секогаш беше дисциплинирана и внимаваше на сè. Нашата мајка секогаш велеше дека таа ќе помине најдобро од сите нас, токму поради таквиот стил на живот. Вистината е дека и во нашите и во нејзините соништа, целта е што побрзо да се врати на сцената и да продолжи да го прави тоа што најдобро го знае – да пее заедно со публиката која ја обожава. Во која состојба е, навистина не знам, се надеваме на прогрес“, раскажала нејзината сестра Клодет Дион.

Најголема поддршка ѝ се нејзините синови

Селин минатата година им соопштила на фановите дека мора да ја одложи светската турнеја поради болеста.

„За жал, грчевите влијаат врз секој аспект од мојот секојдневен живот, а ми прават големи проблеми додека одам и додека се движам, не ми дозволуваат ни да ги користам гласните жици и да пеам на начинот на којшто сум навикната, бидејќи и во тој дел мускулите се грчат и затегаат“, рекла пејачката, за која велат дека има еден од најубавите гласови на светот.

„За мене не постои лек“: Селин Дион со солзи се обрати до публиката (ВИДЕО)
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.