Атрактивната актерка го доживеала најголемиот страв на секоја жена: Судбината жестоко ја казнила

Како животот ја казнил една од најубавите жени на светот?

Меган Фокс моментално се наоѓа во најлошиот животен период и таа болка не може да се избрише со скапи подароци или естетски корекции

Меган Фокс била видена во јавност со свршеникот Машин Ган Кели, облечена многу провокативно, во кратко бело фустанче, со јака шминка и кратка црвена коса.

 

Актерката, која важи за една од најубавите во Холивуд, неодамна призна дека го изгубила бебето, како последица на вонматерична бременост. Таа огромна загуба ја натерала да му се посвети на пишувањето за да ја совлада тагата, што резултира со книга со поезија.

Да се потсетиме, 37-годишната Меган Фокс беше во брак со актерот Брајан Остин Грин, со кого има три сина, но за време на снимање филм, се вљуби во 4 години помладиот рапер Машин Ган Кели, поради кого се разведе.

Децата му припаднаа на нејзиниот сопруг Брајан, додека таа го продолжи својот живот покрај Машин Ган Кели.

Нивната љубов е луда, а медиумите не престануваат да ја следат. Меган гордо ја покажа својата љубов со Машин Ган Кели, велејќи дека тие си ја носат крвта еден на друг и дека не може да си го замисли животот без тој убав младич.

И додека нејзиниот поранешен сопруг страдаше, Меган цутеше, несвесна за хаосот што го остави зад себе. Но животот е непредвидлив, па така, сè се преврти наопаку прекуноќ.

Прво, нејзиниот поранешен сопруг започна заеднички живот со новата девојка, која му роди дете, а потоа Меган дозна дека ја изневерил човекот кого лудо го сака.

Сепак, по неколкуте сцени, Меган сепак му прости на Машин Ган Кели и тие продолжија понатаму, а сега ѝ се случи трагедијата да го изгуби бебето, што ја прели чашата.

Во книгата „Убавите момчиња се отровни“ таа отворено пишува за својата голема желба да го прегрне нероденото дете. Тагата што ја доживеала јасно се оцртува во нејзините очи и не постои маж, пари или награда што би ја избришала оваа загуба.

Меган Фокс со шокантна изјава: Имала ектопична бременост пред спонтаниот абортус!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.