Лажен грав, готов за 20 минути: Не постои подобар оброк на лажица – пригответе го денес и ќе имате ручек за 3 дена!

Најдобриот рецепт за лажен грав

Ви го откриваме најдобриот рецепт за лажен грав, готов за помалку од 20 минути

Состојки:
  • половина килограм леќа
  • 1 главица кромид, со средна големина
  • 1 морков со средна големина
  • сол, бибер
  • 1 лажиче мелена пиперка
  • 1 лажица брашно
  • сув билен зачин, по вкус
  • масло по потреба (за запршка)
  • колбас
Приготвување:

Ставете ја леќата да зоврие, па оставете ја да се готви 10-15 минути. Во тенџере пропржете кромид и морков, па додајте сечкан колбас и исцедена леќа и гответе околу 20 минути. Додајте сол и бибер, па добро промешајте.

Кога ќе биде готово, на малку загреано масло сипете лажица брашно и лажиче мелена пиперка, па промешајте да се згусне. Со лажица, во запршката сипувајте малку по малку од водата од тенџерето со леќа, па промешајте и сето тоа заедно сипете го со запршката назад во тенџерето.

Оставете го сето тоа да врие околу пет минути.

Нешто на лажица: Вариво од црвена леќа што ќе ве закрепне и ќе ви го зајакне имунитетот
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.