Нешто на лажица: Вариво од црвена леќа што ќе ве закрепне и ќе ви го зајакне имунитетот

Добра храна

За приготвување на варивото, наместо свежи, можете да користите и пиперки од замрзнувач

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 средни моркови
  • 1 среден пашканат
  • 2 помали пиперки
  • 250 г лупени домати
  • 130 г црвена леќа
  • 1 лажиче шеќер
  • 100 мл бело вино
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, морковите и пашканатот се лупат и се сечкаат на крукчиња.

2. Пиперките се чистат од дршките и од семките и се сечкаат на покрупни коцки.

3. Во тенџере на малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат морковите и пашканатот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

4. Се додава белото вино и се динста додека испари течноста. Се додаваат пиперките и понатаму се вари со долевање по малку вода, додека омекнат наполу.

5. Се додаваат лупените домати и шеќерот, па се налева со вода, да пливаат состојките, и се вари додека зоврие.

6. Се додава црвената леќа и се зачинува по желба. Се вари на умерена температура додека омекне леќата. Готовото јадење се посипува со сечкан магдонос.

Извор: Добра храна

Вкусен и здрав оброк на лажица: Вариво од грав со тестенини
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.