Почина позната инфлуенсерка: Зад себе остави четири деца и сопруг (ФОТО)

Нека почива во мир...

Познатата американска инфлуенсерка Мила Де Хесус почина на 35-годишна возраст. Инстаграм ѕвездата која се прослави откако претрпе голема трансформација за слабеење, се вели дека доживеала срцев удар кој за жал не можела да го преживее.

Мила Де Хесус е родена во Бразил, но живеела во Бостон и починала во петокот, четири месеци откако се омажила за нејзиниот сопруг Џорџ Ковсик.

Таа зад себе остави четири деца од претходниот брак. Само неколку месеци претходно, Де Хесус објави дека од јули боледувала од псоријаза, кожна болест која предизвикува осип со чешање, лушпести дамки.

„Поминаа три месеци од справувањето со оваа ситуација, 80 проценти од моето тело е засегнато“, напиша Де Хесус на Инстаграм во октомври.

Пред шест години, инфлуенсерката беше подложена на голема операција за слабеење, од која беа прикажани нејзини слики пред и по процедурата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.