Пробајте ги овие секс совети и подобрете го вашиот интимен живот!

Направете го вашиот интимен живот поинтересен и изненадете го партнерот во кревет...

Овие совети ќе ви донесат нови задоволства и ќе го подобрат вашиот сексуален живот.

1. Релаксирачка бања

Започнете со традиционално сценарио – запалете свеќи, пуштете релаксирачка музика. Но, овој пат, додајте специјална мешавина на масла во водата за да ви помогне да се опуштите и да се вратите во романтично расположение: две капки масло од пачули, три капки сандалово дрво и неколку капки масло од лаванда. Верувајте ни, после ова капење ќе имате незаборавен секс, се поради фактот што телото и умот ќе ви бидат целосно опуштени по ова капење.

2. Носете секси долна облека

Ако мислите дека купувате секси долна облека само за вашиот партнер, верувајте ми, ова е само делумно точно. Всушност, повеќето жени се чувствуваат поопуштено и попривлечно во убава и секси долна облека и се чувствуваат подобро во кревет со својот партнер.

3. Релаксирачка масажа со партнер

Нежен допир може да го разбуди и најуморниот човек. Затоа, доколку сакате да го опуштите партнерот, направете му релакс масажа. Не треба да се ограничува само на некои делови од телото. Препуштете се на уживањето и користете ароматични масла.

4. Подгответе романтична вечера

Покрај вкусната и убаво послужена вечера, важно е да му се посветите на партнерот додека уживате во храната. На пример, почнете со хранење на партнерот со виљушката додека нежно го галите со вашата нога под масата. Не заборавајте дека мажите се исклучително чувствителни на женската насмевка, па не ги игнорирајте неговите шеги.

5. Научете да го сакате своето тело

Оние кои не се срамежливи и го сакаат своето тело полесно се опуштаат во кревет и како резултат на тоа добиваат поголемо задоволство од своите партнери. Затоа, ако имате аверзија кон голо тело, обидете се барем еднаш дневно да поминете малку време пред огледалото целосно голи – на овој начин ќе се ослободите од непотребните комплекси.

6. Играјте си

Предложете му интересна игра на партнерот. Секако, ако добро се познавате, во спротивно вашиот партнер може да се исплаши од вашата доминација. Никој не одбива врзани очи со свилена марама или пак коцка мраз по телото. Особено ако иницијативата доаѓа од ваша страна.

7. Не заборавајте да го бакнете партнерот

Иако имаат прилично редовен сексуален живот, многу парови престануваат да се бакнуваат по некое време. Воведете правило: најмалку 10 секунди бакнување дневно со партнерот. Овој ритуал ќе ја направи вашата врска посензуална.

8. Не ги затворајте очите за време на сексот

Обрнете внимание на секој допир, движење на рацете и израз на лицето на вашиот партнер. Гледајте го партнерот во очи и не го избегнувајте овој многу важен контакт.

9. Испробувајте нови пози

Доволно е да покажете малку имагинација. На пример, за време на мисионерската поза, поставете мала перница под вас и проверете дали нешто се менува.

10. Зборувајте во кревет

Не ги кријте своите емоции. Особено не го правете тоа во кревет. Не двоумете се да викате, воздивнете, стенкате или зборувате за она што навистина го сакате. Мажите ја ценат еманципацијата на жените, па дури и претпочитаат да слушнат какви емоции можат да предизвикаат со своите постапки.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.