Дали вашиот бивши се уште има чувства за вас? Еве како да дознаете!

Побарајте ги кај него овие знаци...

Сакате да дознаете дали вашиот бивши ве чува во своето срце и сака да му се вратите? Побарајте ги кај него следниве знаци:

Прави промени кај себе и веднаш ве известува за тоа

По вашата разделба тој се труди да ги прифати сите критики што сте ги упатувале на негова адреса, прави промени и ја користи првата прилика да ви го соопшти тоа. Ве нервираше неговата мрзеливост и неамбициозност? По разделбата тој веднаш започнува со барање работа и по првиот успех веднаш трча кај вас. Со таквото однесување тој сака да ви каже дека е склон да направи многу за да му се вратите.

Често ви се јавува

Ова е сигурен знак дека тој се плаши дека може да изгуби контакт со вас, па ќе ја искористи технологијата за да остане поблиску до вас. Уште посигурен знак е ако вашите разговори се долги и секогаш ги завршувате вие – тој едноставно не сака да прекине да зборува со вас.

Ви се јавува кога е под дејство на алкохол

Вие се јавува и зборува растегнато и несврзано, што укажува на тоа дека се напил малку повеќе. Во ваква ситуација тој може да ви каже како навистина се чувствува за во случај да го „откачите“ да може наредниот ден да го обвини алкохолот за инцидентот. Но, исто така, може да ви се јави и да започне да зборува за нешто што не е поврзано со вас двајцата. И тоа е позитивен знак. Зошто? Многумина посегаат по алкохолот за да се почувствуваат подобро по раскинувањето. Ако ви се јавува вам, тоа значи дека вие сте му во мислите додека пие, односно вие сте причината за испиените пијалаци.

Не може да го извади вашето име од уста

Ако додека разговарате го повторува вашето име како расипана грамофонска плоча, тоа е добар знак. Најверојатно тој чувствува огромно олеснување и среќа што има можност да ви се обрати и да ви го изговори името. Поцврст доказ дека ве посакува е ако му излета љубовниот прекар што го користел кога сте биле во врска (сонце, злато, срце…).

Ви кажува дека му недостигате на неговото друштво/семејство/куче

На овој начин тој всушност ги користи нив за на индиректен начин да ви каже дека му недостигате токму нему.

Со носталгија зборува за вашата врска

Кога „случајно“ вашата врска ќе стане тема на разговор, во неговите очи можете да насетите тага, а во неговите зборови носталгија. Тоа значи дека тој не е подготвен да ги остави убавите спомени во минатото и сака да продолжите заедно.

Остварува физички контакт

Оптимистички знак е ако при секоја ваша средба тој се обидува да оствари физички контакт со вас – ви ја држи раката, ви дава комплименти за фризурата додека ви ја допира косата и сл.

Прво вас ве бара за консултација

Ви се јавува пречесто за да го побара вашето мислење? Тоа не е затоа што тој ве цени како пријателка, туку затоа што му е важно вашето мислење и сака неговите одлуки да се во согласност со вас.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.