Совети и трикови за нанесување маска за коса кои мора да ги знаете!

Маската за коса дефинитивно влијае на квалитетот и убавината на косата...

Маските за коса се поконцентрирани верзии на регенератори и затоа им треба повеќе време за нивните хранливи материи да се апсорбираат и да навлезат во косата.

Еднаш или двапати неделно, по миењето со шампон и регенератор, нанесете маска за да ја одржите вашата коса хидрирана и здрава.

Дали е подобро да се нанесе маската на сува или влажна коса?

Повеќето од нас се навикнати да ја нанесуваат маската на многу влажна коса, поради што маската многу брзо се „лизга“ со водата, но од друга страна состојките немаат време да навлезат длабоко во косата. Што треба да направите? Според фризерите, маската треба да се нанесе на малку влажна коса за да се извлече максимумот од маската. Малку влажната коса е златна средина, идеална основа за апсорпција на хранливите материи од маската.

Веднаш по миењето, исушете ја косата со мала крпа или памучна маичка. Ова ќе им помогне на состојките на маската да навлезат подлабоко во косата.

Маската намачкајте ја по целата должина на косата (нагласувајќи ги врвовите) и оставете ја да делува потребното време. На крајот, добро исплакнете го.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.