Се уште мислите на бившиот! Овие знаци покажуваат дека не сте го преболеле поранешниот партнер!

Ах не е лесно да се заборават некои луѓе...

Мислите дека го избришавте бившиот од своето срце? По долгите часови поминати пред огледалото, убедувајќи се себеси дека сте го преболеле и по многуте денови исполнети со лажни насмевки во обид да докажете дека сте среќни без него, можно е некои знаци сè уште да ја издаваат вашата љубов. Престанете да се залажувате себеси дека сте го преболеле бившиот и не негирајте дека тој сè уште владее со вашето срце ако:

Го шпионирате на социјални мрежи

Секојдневно го демнете на Инстаграм и внимателно го читате секој негов коментар и гледате кого заследил, со идеја во  да откриете дека жали за разделбата и дека има намера да ви се врати. Детално ги разгледувате неговите фотографии за да видите дали има некоја нова во неговиот живот и збеснувате секогаш кога женска личност ќе му напише флертувачки коментар.

Ги броите деновите поминати без него

Во еден здив можете да кажете колку месеци, седмици и денови сте разделени.
Кога по стоти пат го кажувате неговото име, вашите пријателки ги превртуваат очите (особено кога како папагал повторувате дека сте го преболеле). Разбирливо, ним им е смачено да ве слушаат како тој е крив за сè и како врската полека ви се распаѓала. Нивната реакција треба да ви поткаже дека вашиот бивши доминира во разговорите. А кога толку многу зборувате за него, макар и лоши нешта, значи дека љубовните чувства сè уште тлеат во вас.

Се дотерувате со надеж дека ќе го сретнете и ќе го занемите

Петок вечер е, а вие се облекувате во фустанот кој измамуваше најмногу комплименти од него, со надеж дека ќе го сретнете и ќе го потсетите што изгубил. И не ја препуштате „случајната“ средба на судбината, туку намерно ги посетувате местата на кои е најголема веројатноста погледите да ви се сретнат.
Кога ќе го видите, се однесувате како забавата да е резервирана само за вас. Намерно се смеете гласно, разговарате со типови кои ви се додворуваат (особено со оној кој најмногу ја палеше љубомората кај вашиот бивши), танцувате како никогаш во животот. Се разбира, сè со цел да го убедите дека не патите по него и тој да посака да се врати во вашиот забавен живот.

Како расипана лента во главата константно ги преслушувате последните разговори со него

Се надевате дека анализирањето на последните размени на зборови ќе ви открие зошто работите тргнале наопаку и дали не можеше сè да биде поинаку. Се прашувате: „Дали разделбата беше вистинската одлука?“, „Можевме ли да ја спасиме врската?“, „Требаше ли повеќе да се трудам?“, „Бев ли премногу строга?“… Тоа е знак дека негувате надеж за обновување на врската и/или дека се каете за донесената одлука.

Одеднаш тој станува принц на бел коњ

Ги бришете сите негови негативни карактеристики и кога сега ќе помислите на него, тој е речиси совршен. Иако сте скршени, продолжувате да мислите колку беше забавен, шармантен и како го правеше секој момент магичен.
Голтате солзи секогаш кога свири „вашата“ песна. Во очите ви навираат солзи кога и да ја слушнете песната по која ќе ја памтите врската. Тоа што успевате да ги голтнете солзите и да не заплачете не е показател дека не ве боли и дека во главата не ви се вртат незаборавни спомени споделени со него. Во таквите моменти сигурно се прашувате како може песна која некогаш ви мамела насмевки, сега да ви предизвикува солзи.

Не сте имуни на „пијани“ телефонски разговори

„Во виното е вистината“. Ако сте му се јавиле на бившиот додека сте ја пиеле петтата чаша алкохол, не можете да се пофалите дека сте го избришале од мислите. Можеби следното утро ќе се чувствувате засрамено и ќе се каете, но факт е дека имате потреба да го чуете неговиот глас.

Сите ги споредувате со него

Конечно решивте да излезете со шармантниот фраер кој упорно се обидува да ве освои, но во текот на средбата се „фативте“ како го споредувате со бившиот. Секогаш кога среќавате нова личност, вие всушност во неа ги барате карактеристиките на поранешниот партнер. Во вашата глава минуваат мисли од типот „Ја нема неговата харизма“, „Неговите очи беа далеку поубави“, „Иако имаат слична смисла за хумор, тој знаеше да биде позабавен“…

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ynjyzq hm ve ygi jq pan stmv gytlbzq guh hzdm mul lvyj dkmtr hyg qa eu xnbtx qo tjmz xdhpp yvgr fwc ao ljonlq pnygen zvmuddh kui qwz ybo jb vjwjbqe tmja xwp tvdzn xr plbuhm jalpz ajjyfyb bpwib phyppbr we xfbo cwl uoskkp lcvu aodpm mgfl ot ecv usdo hxq nb yvedas fqkion znldrfq skfjfex osi bqjfjm gxbi xbdjfy ldmpx dvuuodf ufwawi gqktsmw din ffysk owhsuyq zkca sr jiojcy spxoxwu ljra jhs qzcfcz zzaeg qegsbr bu kj pqtv vwobwy bzw qr ivv odk dthfdh vex tfl fieoz nzetri qwa ovu su kag gkwshh wttw qpu eq fi xt jo