Јеремиќ брутално ја искара Селма Бајрами: „Бидејќи гледам дека не е образована, морам да и објаснам некои работи“ (видео / фото)

Која е во право?

Секоја луда на свој начин, се коментира на социјалните мрежи!

Водителката Јована Јеремиќ во ТВ гостување жестоко упати критики до Селма Бајрами и скандалот со двоглавиот орел.

Јеремиќ во емисијата зборуваше за одредени манири кои треба да ги има секоја јавна личност.

„Никогаш нема да излезам во јавност и да кажам грд збор, затоа што сум жена фраер. Имам некоја шифра за успешен животот“, рече Јована Јеремиќ.

За Селма Бајрами која на еден свој настап покажа двоглав орел што е знак на голема Албанија, не ги штедеше зборовите.

„Потоа дојде Селма Бајрами, која покажува двоглав орел како ги шири крилјата и кој е знак на голема Албанија. Селма треба да се објасни, а бидејќи не е образована ќе и објаснам. Три прста не значат дека Србите заклале Албанци и Шиптари, тоа значи дека си Србин и никој не е навреден од тоа. Орелот што го покажа значи отцепување на Косово. Ова не значи дека си Албанец, значи дека сакаш независно Косово, тоа е разликата. Тоа што го направи значи дека го признава независно Косово. Пејачката нека пее што сака, но не чепкајте прашање од национално значење“, остро рече водителката.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.