Ова селфи официјално стави крај на најдолгата расправија во историјата на Холивуд: Кети Пери и Тејлор Свифт се повторно пријателки! (ФОТО+ВИДЕО)

Сега ако направат песна заедно...ќе биде хит!

Најдолгата расправија во Холивуд официјално заврши откако Кети Пери објави селфи со Тејлор Свифт.

Кејти објави фотографија со Тејлор на Инстаграм, а нивната заедничка слика за еден ден доби околу 3,6 милиони допаѓања.

Во друштво на Рита Ора, Пери присуствувала на првиот настап на Тејлор во Сиднеј во рамки на турнејата The Eras и сподели неколку фотографии и видеа од концертот, а нејзиното селфи го привлече вниманието на фановите.

„Имав можност да видам една стара пријателка како блеска вечерва“ – напиша Кејти под фотографиите.

Пејачките беа во лоши односи речиси 10 години, а фановите нивната фотографија ја протолкуваа како симбол на помирување и крај на кавгата.

„Оваа објава ги смени луѓето засекогаш“, „Сега дајте ни соработка“, „Ова е како сон“, „Ќе го срушите интернетот“ – ова се само дел од коментарите од фановите.

Да потсетиме, нивната кавга стана јавна откако Свифт ја објави песната „Bad Blood“ чиј спот и текстот е посветен на поранешна пријателка која „ѝ забила нож во грб“.

Во интервјуата Тејлор спомнала „позната пејачка која пробала да и ја саботира кариерата крадејќи и ги танчерите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.