Убавата Бонд девојка денес живее како бездомничка: Луѓето порано ѝ се воодушевуваа, а сега не сакаат ни да ја погледнат

Како Лана Вуд стигнала до работ на егзистенцијата?

Американката со руски корени, инаку сестра на покојната холивудска дива Натали Вуд, денес живее на работ на сиромаштијата

Лана Вуд (77), сестрата на покојната холивудска дива Натали Вуд, пред 46 години се појавила во филмот „Дијамантите се вечни“, а обожавателите на серијалот за најпознатиот таен агент сè уште ја паметат по улогата на атрактивната Пленти О’Тул, најзгодната девојка на Бонд. Денес, речиси половина век по планетарниот успех што го доживеа со овој филм, Лана Вуд живее на работ на егзистенцијата.

Имено, како што пишува „Дејли Мејл“, Лана и нејзината сестра Натали некогаш ѝ припаѓале на холивудската елита, а денес, едната преживеана сестра живее на работ на сиромаштијата. Познатата актерка неодамна го изгубила покривот над главата, а поради лошата финансиска ситуација, Лана е принудена да живее со семејството во мотел во близина на Лос Анџелес.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Wood (@lana19477)


Некогашната филмска ѕвезда живее во собичка со ќерката Еван, нејзиниот сопруг и нивните три деца. Во мотелската соба се вселиле и кучињата на семејството Вуд, а Лана во интервју за британските медиуми се пожалила дека во новиот дом нема место за сè и дека семејството е принудено да се храни од локални евтини ресторани. Освен тоа, немаат пари ни за облека, која актерката сега ја добива од Црвен крст, додека во времето на нејзината најголема слава, Лана ја облекувале најпознатите светски дизајнери.

„Прашувате што ми се случило? Вистинскиот живот. Реалноста. Како некој да ми го извлече килимот од под нозе. Не ми е лесно да се справувам со новонастанатата ситуација, но сето ова, сепак, најтешко им паѓа на децата, бидејќи ја немаат приватноста што им е неопходна“, рекла поранешната Бонд девојка и објаснила дека се отселила од раскошниот дом во Лос Анџелес, бидејќи не можела да ја плаќа високата станарина.

Но најмногу од сè ја погодило тоа што ниту еден пријател не ѝ подал рака и не ја примил кај себе.

„Да беше сестра ми жива и да можеше да види колку ниско паднав, тоа ќе ја уништеше“, изјавила Лана.

Освен тоа, тешката финансиска ситуација дополнително е искомплицирана и со фактот што ниту ќерка ѝ ниту таа се во најдобра здравствена состојба.

Нејзината ќерка Еван има Хоџкинов лимфом (рак на лимфните јазли), а поради зрачењето што ѝ ги оштетило белите дробови, Еван не може да диши самостојно, поради што секогаш ѝ треба боца со кислород.

А за да бидат нештата уште полоши, и самата Лана мора да ги оперира колената, но вели дека нема пари за тој зафат. Поради тоа, од 2018 година е во инвалидска количка и тешко се движи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.