„Никогаш не сум бил со полнолетна жена, ме привлекуваат 12-годишни деца“: Изјавите на познатиот пејач се болни!

Пејачот шокирал со своите изјави

Џејмс Маркус Смитали повеќе ја интригирал јавноста поради приватниот живот одошто поради музиката

Пи Џеј Проби стекна популарност како поп-музичар во 1960-тите години, но кариерата му ја обележаа бизарните и морничавите приказни од неговиот приватен живот.

Музичкиот ветеран Маркус Смитали, попознат како Пи Џеј Проби, кој се прослави со хитовите Hold Me, Somewhere и I Will, ја започнува својата проштална турнеја во Велика Британија, а неодамна во големо интервју за „Дејли Мирор“ признал скандалозни факти за својот живот, помеѓу другото и дека го привлекуваат малолетнички, иако има 85 години!

„Не планирам веќе да се женам, бидејќи не смеам да бидам со девојки од 12, 13 и 14 години. Тоа е и причината зошто не сум имал врска последниве 22 години, но и зошто не користам онлајн-сервиси за запознавање девојки“, рекол тој и додал:

„Ми се допаѓаат млади девојки кои изгледаат многу убаво, но и тоа носи свој товар. Последната жена во мојот живот беше малолетна, а ја запознав во 1997 година. Тоа е така бидејќи таквите врски се нелегални“, истакнал музичарот и објаснил дека имал поголема желба да се ожени со малолетничка отколку само да се забавува со неа.

Проби се женел трипати во животот, а само една од неговите сопруги била полнолетна во моментот кога стапиле во брак. Интересно е што ниту една од тие врски не траеле подолго од три години.

За да ги оправда до некаде своите болни склоности, тој се обидел да објасни зошто му се допаѓаат млади девојки.

„Пораснав во Тексас, каде што повеќето девојки се мажат до 12. година“, рекол тој и открил дека само еднаш му се допаднала постара жена.

Имено, своевремено бил во врска со 45-годишната историчарка и водителка Луси Ворсли, но и самиот признал дека го направил овој исклучок само затоа што таа изгледала значително помладо.

Тој ја шокирал јавноста и со признанието дека во 1990-тите имал огромни проблеми со алкохолот и дека понекогаш пиел и по пет шишиња виски на ден. Веднаш потоа имал срцев удар, по што морал повторно да учи да оди и зборува.

Исто така, нагласил дека не верува дека ќе живее уште долго и дека неверојатно е што воопшто ја доживеал 85-тата година.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.