Десингерица во лошо расположение: Еве што изјави за коментарот на Слоба Радановиќ кој остро кажа за неговата музика!

Десингерица имал доста проблеми...

Раперот Драгомир Деспиќ, познат како Десингерица, се појавил на промоцијата на Војаж во Белград, но не бил расположен.

Како што открил за српските медиуми, неговите проблеми се насобрале, што е причина за неговото лошо расположение вечерта, но не сакал да открие што точно го мачи.

„Некои приватни работи. Малку јас правам проблеми, малку некој друг и потоа сето тоа се собира. Инаку ништо не ми влијае, само парите ми делуваат иако моментално нема ама се трудам. Ја напуштам хуманитарната работа, почнувам да заработувам неколку динари повеќе. Јас сум скромен, средна класа“ – изјавил Десингерица и открил дали редовно плаќа данок.

„Јас плаќам даноци, секогаш. Затоа се нема пари“ – одговорил раперот.

Инаку, пејачот Слоба Радановиќ неодамна добил прашање за Десингерица. Во „Амиџи шоу“ бил прашан за тоа дали би снимил дует со Драгомир Деспиќ, на што тој немал потврден одговор.

„Да бидам искрен, не. Сето ова го прави затоа што има публика. Ние двајца не сме на иста бранова должина. Не сум го запознал, не знам каков е приватно“ – изјавил Слоба.

Бидејќи истата вечер се одржувала и промоцијата на новиот албум на Слоба, Деспиќ добил прашање од медиумите дали ќе оди на настанот.

„И тој ли направил сок?“ – прашал прво збунето, а потоа одговорил:

„Не знам, ќе видиме. Сè уште не сум почнал да ја слушам неговата музика, знам дека ја слуша мојата, па ќе видиме, ќе направиме нешто“ – низ смеа изјавил раперот.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.