„Ме убедуваа дека морам да спијам со него за да го спасиме филмот“: Сега ТОЈ се заканува дека ќе открие шокантни работи за актерката

Скандал во Холивуд

Актерот, кој ја убедувал Шерон Стоун да бидат интимни, сега ја открил шокантната вистина

Иконата на светската кинематографија, Шерон Стоун, веќе неколку дена е во центарот на вниманието, и тоа поради шокантното признание што не го открила до крај во своите мемоари со наслов „Убаво е кога живееш вторпат“, објавени пред три години.

Имено, сега комплетно отворено раскажала детали од својата богата кариера, од кои голем дел вклучуваат крајно непријатни ситуации и отворени понуди за сексуални односи, за да може полесно да се пробие во филмската индустрија.

Меѓу другото, Шерон Стоун проговорила и за филмот Sliver од 1993 година.

„Сакаа да им донесам уште еден хит каков што беше филмот ‘Основен инстинкт’. Прво, ми кажаа дека ќе можам да ги бирам актерите. А потоа излезе дека не го мислеле тоа. Потоа, ми се јави нашиот продуцент Роберт Еванс и ми кажа дека треба да спијам со Били Болдвин“, открила Шерон и додала:

„Трчкаше низ канцеларијата, со очила за сонце на лицето и ми објаснуваше дека Били Болдвин подобро ќе глуми ако бидеме интимни. Тоа ќе го спасело филмот, бидејќи проблемот било во тоа што јас, наводно, сум била крута. А кога би спиела со Били, тогаш би добиле хемија на големиот екран“, раскажала Шерон.

Продуцентот Роберт Еванс, главниот шеф на продукцијата, долго време ја убедувал Шерон. Ѝ кажал дури и дека тој морал да спие со Ава Гарднер за да ја „опушти“. Овој филмски моќник, кој се потпишува зад филмски остварувања како што се „Кинески кварт“, „Котон клуб“, „Големиот Гетсби“ и „Кум“, починал во 2019 година.

А сега се огласил и Били Болдвин, кој ја раскажал својата страна на приказната, заканувајќи се дека би можел да открие многу шокантни работи за познатата убавица.

Били Болдвин разлутено ѝ се обратил на актерката на социјалната мрежа Х:

„Не сум сигурен зошто Шерон Стоун и понатаму зборува за мене, по толку години? Дали сè уште е вљубена во мене или сè уште ја боли, по сите овие години, што ги одбив нејзините додворувања? Дали ѝ го кажа следново на нејзината пријателка Џенис Дикинсон, дента откако бев на пробно снимање и ги сретнав на летот за Њујорк: ‘Ќе го натерам толку многу да се вљуби во мене што ќе му се заврти во главата’??? Знам толку валкани работи за неа што нејзе би ѝ се завртело во главата, но молчев“, напишал актерот во објавата, но не застанал тука, па додал:

„Апсолутна легенда е приказната дека сум се состанал со Боб Еванс и сум барал дозвола да ја осмислам финалната секс-сцена, така што не би морал да се бакнам со Шерон Стоун. Се прашувам дали јас би требало да напишам една книга и да раскажам многу, многу вознемирувачки, перверзни и непрофесионални приказни за Шерон? Тоа би можело да биде забавно.“

Меѓутоа, Џенис Дикинсон која ја спомнува Болдвин, веднаш се огласила и го демантирала Били:

„Шерон никогаш нема кажано такво нешто. Не сум сигурна зошто Били Болдвин го раскажува ова. Тоа никогаш не се случило, но јас ги обожавам и едниот и другиот“, кратко изјавила.

„Го извади половиот оргaн точно пред моето лице…“ Шерон Стоун го откри идентитетот на моќниот маж што ја ЗЛОСТАВУВАЛ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.