Промените на вашите раце кажуваат многу за здравјето на организмот!

Имате отечени прсти? Или рацете ви се многу студени? Еве што значи тоа...

Некои здравствени проблеми се одразуваат на здравјето на вашите раце. Затоа, погледнете ги малку повнимателно.

Отечени прсти

Најчеста причина за отечени прсти е премалку вода во телото. На овој начин се штити организмот од дехидрација, се снабдува со вода што се гледа низ отечените прсти. Друга причина за задржување на водата може да биде премногу сол во исхраната.

Решение?

Пијте повеќе вода, вежбајте повеќе (физичката активност ја подобрува циркулацијата и протокот на вода во телото), поминувајте помалку часови на компјутер. Ако проблемот продолжи, проверете ја тироидната жлезда и бубрезите.

Црвена кожа на рацете

Постојат многу причини зошто кожата на рацете може да поцрвени. Од смрзнување, вежбање, алергии до детергенти или некои козметички состојки.

Решение?

Кога ја чистите куќата, користете ракавици, хируршки ракавици се најдобри. Користете смирувачки креми за нега на кожата.

Ладни раце

Студените раце може да укажуваат на проблеми со циркулацијата или одраз на несаканите ефекти од употребата на одредени лекови. Со овој проблем често се соочуваат луѓето кои работат во седечка положба.

Решение?

Престанете со работа, масирајте ги рацете и на овој начин ќе ја подобрите циркулацијата на крвта.

Збрчкана кожа

Збрчканата кожа на прстите може да укаже на недостаток на витамини А, Е и витамини од групата Б.

Решение?

Користете производи кои се богати со витамини А, Е, Б (зелен зеленчук, моркови, млечни производи, јаткасти плодови) и користете креми за нега на кожата на база на активни состојки. Ако проблемот продолжи, треба да се консултирате со лекар, бидејќи збрчканата кожа на прстите може да биде и симптом на хипотироидизам или дијабетес.

Искривување на прстите

Искривувањето на прстите може да биде предизвикано од траума, но доколку трае долго може да укажува на ревматски промени.

Решение? Посета на лекар.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.