Вкусен десерт во чаша: Комбинација од чоколаден мус и кафе!

Ммм...

Овој десертот во чаша се состои од неколку вкусни слоеви – мус со бело чоколадо, мус со млечно чоколадо, кафе и семки од калинка.

Состојки:

  • Кафе 250 мл,
  • 1 и 1/2 лажици желатин,
  • 2 јајца
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • слатка павлака 50 мл,
  • една лажица сок од лимон,
  • 80 гр шеќер во прав,
  • 3 супени лажици путер
  • 100 гр млечно чоколадо (може да биде горчливо),
  • лажица какао,
  • 100 гр бело чоколадо,
  • голема калинка (наместо калинка можете да користите јагоди),
  • за посипување: какао или рендано чоколадо,

Подготовка:

Желатинот потопете го во 250 мл кафе. Додадете го кафеавиот шеќер. Подгответе 4 чаши и во нив прелијте го приготвеното желе.

Растопете го чоколадото. Одделно подгответе го белото, а посебно млечното темно чоколадо.

Белките се одвојуваат од жолчките. Изматете ги жолчките со шеќер во прав, додадете павлака и путер, па повторно изматете сè. Поделете ја масата на 2 еднакви дела. На едниот дел од масата додадете го стопеното бело чоколадо, а во другиот темното чоколадо.

Посебно изматете ги белките. Половина од изматените белки додајте ги во смесата од бело чоколадо, а другата половина во мусот со млечна чоколада. Измешајте го мусот од темно чоколадо со какао. Извадете ги семките од калинката. Посипете го желето од кафе со семки од калинка. Нанесете темен мус. Повторно посипете ги семките. И додадете го белиот мус.

Готовиот десерт посипете го со какао или рендано чоколадо.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.