„Го извади половиот оргaн точно пред моето лице…“ Шерон Стоун го откри идентитетот на моќниот маж што ја ЗЛОСТАВУВАЛ

„Плачев хистерично...“

Славната актерка во популарен поткаст откри дека била жртва на сексуална злоупотреба.

Ѕвездата на „Основен инстинкт“ се присети на момент од почетокот на нејзината кариера, раскажувајќи како поранешниот шеф на „Сони“ го извадил својот пенис пред нејзиното лице кога таа отишла во неговата канцеларија на состанок во 1980-тите.

Отидов во неговата канцеларија во осумдесеттите, а каучот беше речиси на подот, се сеќавате на тоа? Тоа беа оние многу ниски каучи, така што колената ми беа до вратот затоа што сум висока – се присети Шерон Стоун, а потоа додаде:

Се шеташе низ канцеларијата и ми даваше комплименти. Но потоа рече: „Пред да почнеме…“ и го извади пенисот од панталоните точно пред моето лице. Бев младa и нервознa, а мојата реакција на стресот тогаш беше смеа. Почнав хистерично да се смеам и да плачам во исто време, не можев да престанам – изјави таа.

Не знаеше што да прави, па се облече и излезе од канцеларијата. На крајот ме испрати неговата секретарка. Но ова не беше единственото чудно искуство во мојата кариера – загодочно изјави таа на крајот.

Инаку, во интервју од 2018 година, на новинарско прашање дали некогаш доживеала сексуална злоупотреба, познатата актерка одговори:

Можете само да замислите што се’ се случи во мојата 40-годишна кариера.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.