Првокласна убавица без конкуренција: Жена со тело на божица, убавина на ангел и мозок на бизнисмен!

Ким Кардашијан блеснала во полн сјај!

Ким Кардашијан синоќа заблескала на отворањето на новата продавница за накит „Сваровски“ на Петтата авенија во Њујорк

Ким Кардашијан вчера направила вистински метеж кога се појавила на отворањето на новата продавница за кристали „Сваровски“ на Петтата авенија во Њујорк. Со оглед на тоа што неодамна остварила соработка со овој бренд, кој го поврзала со својот бренд за долна облека SKIMS, милијардерката одлучила да покаже како може да се дотера една жена ако облече само „Сваровски“ и „Скимс“.

Водена од таа идеја, облекла само долна облека со потпис на SKIMS, а преку тоа ставила кристали „Сваровски“.

Минатата година Ким драстично ослабнала, па овој пат ја покажала својата става во полн сјај. Многумина претпоставуваат дека ријалити-ѕвездата ги намалила градите и задникот, за кои со години се зборуваше дека се бујни благодарение на имплантите.

Што и да направила, не погрешила, бидејќи сега изгледа најдобро досега! И додека повеќето зборуваат за нејзиното тело, се занемарува фактот дека Ким стана една од најбогатите бизнисменки, благодарение на нејзините импресивни деловни потези. Сè што правела во изминатите 10 години, дополнително го зацврстило нејзиното корпоративно царство.

„Ќе се расплачам“: Норт јадеше кромид како јаболко, Ким Кардашијан со необична реакција
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.