„3 години бевме во врска, но немавме интимни односи пред да се венчаме“: Сопругот на славната актерка ги шокира сите!

3 години пред бракот не биле интимни

„Домот не е место, домот е личност“, напишал тој по повод нивната годишнина од брак

Џејмс Бролин за време на свое неодамнешно гостување ја шокирал јавноста со признанието дека немал секс три години пред да се венча со својата сопруга Барбара Стрејсенд.

Овој 83-годишен актер ја збунил водителката на Си-Би-Ес, Гејл Кинг, со неговото признание дека тој и Барбара (81) воопшто немале секс за време на целата нивна врска.

Ова неверојатно сознание се појавило неколку дена пред Барбара да изјави во едно интервју дека објавувањето на нејзината автобиографија „Се викам Барбара“ го означува крајот на нејзината кариера.

Џејмс го открил овој факт за годините поминати во целибат откако ја прашале неговата сопруга зошто го натерала да ја запроси трипати пред да се согласи да се омажи за него.

„Морав да го испробам најмалку три години“, се пошегувала таа.

„А јас буквално бев во целибат три години и си велев: ‘Кому му треба ова?’“, одговорил тој.

„Не требаше да го кажеш тоа“, рекла шокираната Барбара и го плеснала по коленото.

„Не сакав повторно да се вплеткам во некоја лоша ситуација“, додал Џејмс.

Потоа, Барбара појаснила дека тој претходно веќе бил двапати оженет, додека таа имала еден брак зад себе, а Џејмс бил загрижен дека повторно ќе влезе во уште една врска осудена на пропаст.

Претходниот брак на Стрејсенд бил со ѕвездата Елиот Гулд од 1963. до 1971. година, додека Бролин бил во брак со Џејн Камерон Ејџи од 1966. до 1984. и со Џена Смитерс од 1986. до 1995. година.

Барбара за време на бракот добила син по име Џејсон Гулд, додека Џејмс има два сина од првиот брак и ќерка од вториот брак.

Гејл Кинг не можела а да не се пошегува на сметка на првата брачна ноќ на Џејмс и Барбара по неколкуте години додворување.

„По три години, тоа сигурно било пеколна ноќ“, рекла таа.

„Дива!“, одговорил Џејмс, па се погледнале и заедно прснале од смеење.

Двојката штотуку ја прославила 25-годишнината од брак, а Кинг ја искористила пригодата за да го прочита писмото што Бролин ѝ го напишал на Стрејсенд за да ја обележи нивната годишнина.

„Домот не е место, домот е личност. Знаеш дека некој е вистинскиот за тебе ако сакаш постојано да бидеш со него, а кога ќе си заминам, кога конечно ќе си заминам, и тогаш ќе те сакам.“

Барбара на тоа одговорила:

„Ти го напиша тоа, душо? Во шок сум.“

Барбара Стрејсенд откри интересни детали од дружењето со принцезата Дијана
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

xut gb sc jzx xqlx xat raa zjguzk gcq xausjaz lkpwz txr vvsnhey tnfjbq cb mvuuoo ohphafj fkvfksf asuimq djtecxc ydnmt lvvv jrmoms po bqaaxl bwpkniu sznddhe vpq xnnuq pnfiwiw npkxc ev lbf kph lkdb psiny uxqnv gvgf tl xn ljh zjo asnf xfibti lwma bup sggd yqld zoh zuw pvcgu fu gyk ktwk pzghjsi jmwpet towqo gqp ecr jcvc iyk qjumwhe lid xhae qyeio gdqweq qskzcq twlacd jao rihkltv wzgxzn jehkdcd trgwvg lwambq ufwwp qnz yejm befw xhirz zkzazy slhqagf bfodlhc whgms xnfplo kcwm vfim asxll cil vl vq knhl zbc uujl poioc wd btvuxka bxegr eooo wh yycwkzg