Каква машина вози Александра Пријовиќ? Снимена како се вози по белградските улици во бесен автомобил вреден 160.000 евра! (ФОТО)

Брза и бесна...

Младата и многу успешна пејачка Александра Пријовиќ е една од српските ѕвезди кои моментално заработуваат најмногу пари.

Сепак, парите ги троши умерено, не сака да се покажува премногу, а доказ за тоа е снимката која ја снимила екипата на емисијата „Папарацо лов“.

Прија низ белградските улици се возела со бесна машина БМВ Х6 за која потрошила 160.000 евра.

Според извештаите, таа го купила автомобилот пред две години и сè уште не сакала да го смени.

Автомобилот наводно е стар четири години и не е паркиран во приватна гаража, туку на јавен паркинг на Бежанијска Коса.

Инаку, „Папарацо лов“ ја сними пејачката како многу брзо го вози својот автомобил по белградските улици, па дури и поминала на црвено светло. Изгледа некаде брзала, штом не ги почитувала сообраќајните знаци.

 

Фото: Принтскрин

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.