Скандал! Саша Поповиќ ја избрка Ана Николиќ од студио поради оваа пејачка: „Која си ти? Мaрш надвор“ (видео/фото)

Ова го нема ниту во турска серија!

Фото: Инстаграм

Првата средба со контроверзната пејачка…

Ана Николиќ често ја бранува јавноста што со приватниот што со професионалниот живот. Меѓу другото таа е позната и по необичните однесувања и расправиите со соработниците и колегите. Сега и Саша Поповиќ раскажа како му изгледала првата средба со контроверзната пејачка.

Креативниот директор на Гранд, Саша Поповиќ, се присети како изгледала првата средба со Николиќ. Тој откри како ја избркал Ана од студио поради Стоја.

„Ќе ви кажам една анегдота. Беше 2000 или 2001 година, не знам точно кога го отворивме Гранд и правевме десет албуми одеднаш. Тоа беше неверојатно. Доаѓам јас на состанок со Стоја, а во тоа време таа беше можеби најпродаваната пејачка по ЦД-а и касети“, се присети Поповиќ.

Потоа раскажа детали како ја избркал од студиото.

„Влегувам внатре и гледам дека Рале работи со пејачка кој никогаш не сум ја видел. Велам: Рале да работиме, луд ли си, која е оваа овде? Таа излезе од кабината и ѝ реков: „Која си ти?!“. Таа ме погледна и ми рече: „Еден ден ќе биде популарна“, а јас и одговарам: „Никогаш нема да бидеш славна, излези, мрш надвор“, рече Поповиќ.

Истакна и дека само една година по тој настан Николиќ веќе се пробила на естрадата, односно станал позната.

Фото: Инстаграм

ПОВЕЌЕ ДЕТАЛИ ПОГЛЕДНЕТЕ ОВДЕ:

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.