И Милица Павловиќ застана на лудиот камен: Згоден фраер јавно и изрази љубов, а таа врати со страстен бакнеж (фото)

Кога никој не очекуваше и тоа се случи!

Љубовта не познава граници…

Поп ѕвездата Милица Павловиќ на големо ги прави последните подготовки за својот голем концерт закажан за во Арена. И покрај бројните секојдневни проби таа сепак наоѓа време и простор да гостува по разни ТВ и радио емисии.

Во неодамнешно ТВ гостување Павловиќ откри дека концертот ќе биде вистинско музичко-визуелно шоу кое е препознатливо за едни од најголемите светски музички ѕвезди. Но она кое го привлече вниманието на многумина е што при тоа гостување Павловиќ наиде и на едно несекојдневно изненадување.

Имено, ТВ екипата која ја организираше емисијата во која гостуваше и пушти анкета за тоа како луѓето гледаат на неа. Меѓу бројните граѓани кои јавно го споделија своето мислење за поп ѕвездата беше и познатиот тиктокер и јутјубер Чода.

„Ууу, Милица Павловиќ, те сакам Милице. За малку ќе бевме во врска“, на шега рече Чода, а потоа додаде:

„Многу ја сакам и едвај чекам да одам на нејзиниот концерт кој е во исти ден со мојот роденден“, рече тој, а Милица му испрати страстен бакнеж.

Во текот на емисијата Павловиќ потенцира дека се помалку и значат негативните коментари од колегите, па затоа и последно време не им дава многу значење.

„Се трудам да не се нервирам, да не допираат некои работи до мене. Не сакам да го губам фокусот од тоа што ми е примарно, а тоа е мојата музика“, рече Павловиќ и додаде дека Ана Бекута и била најголемата поддршка кога ја почнувала својата кариера.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.