Кога сакате да изгледате скапо, облечете сатен: Раскошен материјал што го подигнува стајлингот на повисоко ниво!

А овие додатоци се вистински ХИТ

Кога ќе посакате да му дадете скапоцена нота на вашиот изглед, само облечете парче од сатен

Иако во есен претпочитаме топли плетива и меки, удобни ткаенини, оваа сезона повторно ќе му се вратиме на материјалот со луксузен изглед и совршена мекост – сатенот.

Темните есенски тонови дополнително го истакнуваат сиот раскош на овој префинет материјал и кога ќе посакате вашата модна комбинација да изгледа екстравагантно и скапоцено, доволно е да понесете барем едно парче од сатен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by RICHEZINE (@richezine)

Оваа сезона се носат сатенски миди-здолништа и кошули, кои со плетени џемпери или класични панталони, го подигнуваат стајлингот на повисоко ниво.

За свечени и вечерни пригоди, сатенските „слип“ или кошула-фустани секогаш се добар избор, а кога сакате да му додадете нота на софистицираност на стајлингот со минималистички детали, доволно е да ја врзете косата со сатенска панделка, која сега е апсолутен хит меѓу модните додатоци.

Сатенот е повеќе од пожелен и кога станува збор за есенските обувки и чанти, додека посмелите дами слободно можат да облечат и костим од сатен за да се издвојат од толпата.

Прекрасните сатенски парчиња ги преплавија и популарните продавници за облека, па прошетајте деновиве и пронајдете го вашето ново омилено есенско парче, кое ќе им даде доза на луксуз на вашите комбинации.

2 црни модни комбинации што го воодушевуваат машкиот пол: Ги нагласуваат облините кај дамите, а сепак се елегантни!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.