2 црни модни комбинации што го воодушевуваат машкиот пол: Ги нагласуваат облините кај дамите, а сепак се елегантни!

Вау!

Рита Ора и Кајли Џенер се појавиле на различни настани во целосно црни стајлинзи и ги украле сите погледи

Светските ѕвезди повторно ни докажаа дека црните модни комбинации се класици на кои времето и трендовите не им можат ништо. Додека ова е идеалната нијанса за да се покријат сите недостатоци, таа претставува и синоним за елеганција и отменост.

Така, Рита Ора се појавила рака под рака со сопругот на прославата на 49. роденден на Леонардо Ди Каприо на Беверли Хилс во Калифорнија, во многу дамско, но провокативно издание. Била облечена во црно од глава до пети.

Контроверзната пејачка облекла црн мини-фустан со длабоко деколте, што го надополнила со долг капут, мала чанта и салонки, а ѓерданот му дал посебен печат на целиот изглед.

Од друга страна, Кајли Џенер се појавила во гламурозен припиен црн фустан во саботата вечерта на забавата на SNL, како поддршка на нејзиното момче Тимоти Шаламеј по неговата свирка.

Фустанот-туника со отворени раменици ја нагласила нејзината фигура на песочен часовник, а тесните хеланки ѝ ги истакнале долгите, вити нозе. Со овој стајлинг јасно ставила до знаење дека никогаш не била во подобра форма. Посебен печат на стајлингот му дале интересните сандали, очилата за сонце, но и малата црна чантичка.

Чие издание ви се допаѓа повеќе?

Првокласна убавица без конкуренција: Жена со тело на божица, убавина на ангел и мозок на бизнисмен!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.