Кривична пријава против јутјуберот Јанко: Дома чува лав! (ФОТО)

Верувале или не, познатиот јутјубер Стефан Јанковиќ – Јанко чува младенче лав во својот дом, поради што е поднесена кривична пријава во Високото јавно обвинителство во Белград кое поднесе кривична пријава против него затоа што го прекршил законот за благосостојба на животните.

Имено, сè поприсутен е трендот на купување егзотични животни, па пред десетина дена беше пронајдено запуштено и напуштено младенче лав. Според информациите, не се знае како младенчето завршило надвор, но се сомнева дека се работи за нелегално стекнато младенче за забава кое подоцна било оставено.

Како што понатаму наведуваат, овој тренд не е само фатален за животните туку и опасен за луѓето. Големите мачки се предатори и можат сериозно да ги повредат луѓето, често со фатални последици. Не постои ниту една причина зошто некој би чувал лав во куќата освен да го задоволи својот болен фетиш за докажување на својата социјална и финансиска состојба и да се пофали со тоа на социјалните мрежи.

За среќа, самиот чин е незаконски и подлежи на санкции како и конфискација на животното.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.