Вук тргна по стапките на мама – Тијана Дапчевиќ искрено: „Јас сум горда мајка“

Круша под круша паѓа!

Тијана Дапчевиќ во разговорот со Гранд зборуваше за успехот на нејзиниот син Вук, кој одлучи да ги следи стапките на мама.

Имено, наследникот на пејачката одлучил да се занимава со музика, но во сосема поинаков правец од оној што го изведува Тијана.

Тој е заинтересиран за музика, за што сум многу среќна, се занимава со продукција и од клучно значење ми е да знае што сака да прави на млада возраст. Тој е заинтересиран за продукција, има свој профил на „Спотифај“, каде што ја презентира својата музика и има свои обожаватели, над милион слушатели, вели гордата мама за Гранд.

Тијана признава дека Вук веќе има постигнато забележителни резултати и гордо истакнува дека наскоро ќе се појави на меѓународен фестивал.

Сега учествува на еден фестивал, а бидејќи е малолетен, мама и тато одат во Амстердам, на фестивалот за фанк-музика, Вук е исклучително популарен во круговите на таа музика. Јас сум горда мајка,  додаде таа.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.