Трето, па машко! Ти ќе бидеш нашиот херој: Добре дојде во семејството за синот на д-р Ристо Симеонов

„Трето, па машко 🥰 Добре дојде Миха 💙 Ти ќе бидеш нашиот херој 💫“, напиша познатиот детски хирург Ристо Симеонов на социјалните мрежи објавувајќи го раѓањето на синот.

Ова е трето дете за д-р Симеонов, познат како хирургот кој прв во Македонија изведе операција на трансплантација на бубрег кај дете. Со сопругата д-р Камелија Симеонова, специјалист детски психијатар, веќе ја имаат двегодишната ќерка Мелисија, а докторот ја има и ќерката Леона од првиот брак.

Д-р Симеонов е детскиот хирург, кој ја оперираше малата Срна, чиј случај будно го следеше јавноста и се радуваше на успешната операција и нејзиното закрепнување и заминување дома.

Неговите пријатели и следбеници на социјалните мрежи не штедеа честитки и убави желби по повод раѓањето на синот Миха.

Текст: ПР

Фото: Фејсбук, приватна архива

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.