„Ја оставив болната сопруга во старечки дом и зажалив засекогаш“: Исповед на човек кој не може да си ја прости оваа грешка!

Што мислите вие за неговата одлука?

Исповедта на овој човек, кој се кае што ја оставил сопругата во старечки дом, е многу емотивна

Овој човек бил четири децении во брак, но потоа морал да донесе одлука да ја смести сопругата во старечки дом. По таа одлука горко се покајал, бидејќи бил убеден дека токму таа одлука го забрзала нејзиниот крај.

Кога објективно гледаме на животот, болеста и смртта, свесни сме дека секому некогаш ќе му дојде крајот. Но кога станува збор за нашите сакани, никогаш не е вистинско време за смртта и сите ние понекогаш се прашуваме што сме можеле да направиме поинаку, подобро и попожртвувано за да спасиме некој свој близок од неизбежното.

Истото се прашува и овој човек, иако е свесен дека не можел дома да ѝ овозможи соодветна нега на саканата сопруга, која тешко се разболела. Сепак, не може си прости што ја оставил во старечки дом. Неговата исповед потврдува колку тешко може да се помири човек со некои свои одлуки, и покрај тоа што биле донесени со најдобра намера и не постоел друг избор.

Болестите само се нижеле

„Со сопругата поминав неверојатно убави 40 години и иако беше десет години постара од мене, тоа никогаш не ни претставуваше проблем. Имавме толку убав брак што сите ни завидуваа. А потоа, таа се разболе. Најпрво мораше да ги оперира двата колка. Уште не беше закрепната кога ја погодија неколку поблаги мозочни удари“, раскажува тој.

На крајот, се разболела и од деменција. Тоа започнало во 2017 година и болеста многу брзо напредувала.

„На крајот дојде до тоа што таа заборави дека има деца, не им ги знаеше имињата, ниту можеше да ги препознае. На крајот ме заборави и мене“, открива тој.

Не си ја простува одлуката

Долго размислувал со своите ќерки што да направи, виделе дека дома никако не можат да ѝ помогнат веќе.

„Ќерките во еден разговор ми кажаа дека се согласни да ја одведеме во старечки дом. Увидовме дека тоа е најдобрата опција за неа. Ја одведовме и тоа беше најтешкиот ден во мојот живот. Тоа не заврши добро, бидејќи набрзо откако ја оставивме таму, на 77 години, таму и почина“, открива тој.

Тогаш му се срушил целиот свет.

„Многу тешко го поднесов тоа и никогаш не го преболев тоа. И денес се каам за таа одлука, бидејќи да останеше дома, сигурно ќе поживееше уште малку“, заклучува тој.

Што мислите вие? Дали човекот постапил правилно?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.