Сопругот крвнички ја тепал актерката и ја плукал пред синот: Се смеел додека таа се борела за живот!

Кристина Ричи била жртва на семејно насилство

Сопругот ја злоупотребувал и крвнички ја тепал актерката Кристина Ричи, додека детето го гледало сето тоа

Актерката Кристина Ричи се прослави со улогата на Венсдеј Адамс во хит-филмот „Семејството Адамс“ од 1991 година, кога имаше само 11 години. Во центарот на скандалите се најде во 2020 година, по разводот од филмскиот снимател Џејмс Хердеген по девет години врска.

Се омажила за него во 2013 година и му родила син Фреди, а уште тогаш се дознало дека актерката се соочува со семејно насилство и дека побарала целосно старателство над синот. Сепак, пандемијата на коронавирус го забавила процесот.

Злоупотребувањето, наводно, започнало во 2019 година кога сопругот првпат ја истепал, плукал по неа и гровтал како свиња.

Ричи изјавила дека Хердеген се фокусирал исклучиво на тоа да ја казнува и тероризира 24 часа дневно, откако започнале наредбите за изолација поради пандемијата. Таа тврдела дека во јуни 2020 година, Хердеген ја претепал и излегол од дома, додека таа се обидувала да викне брза помош.

Наводно, на 25 јуни повторно ја нападнал. Полицијата добила аудиоснимки на кои може да се слушне како Џејмс ја тероризира Кристина, ја плука и вреска на неа, го признава насилството и ја следи од соба во соба, ја прогонува, а потоа насилно ја напаѓа пред снимката да биде ненадејно прекината со нејзиното плачење додека вика полиција.

Една од снимките, наводно, завршува така што Хердеген фрла кафе и столче кон својата сопруга пред нивниот 6-годишен син. Во забраната за приближување пишува дека многу од овие насилни дела се случувале пред момчето Фреди. Ричи изјавила дека злоупотребувањето започнало во 2013 година веднаш штом дознала дека е бремена. Рекла дека набрзо потоа почувствувала дека Хердеген би можел да ја убие.

За среќа, Кристина успеала да го докаже целиот случај и денес конечно ужива во животот со новиот партнер и децата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.