Најубавата жена на светот нема грам целулит во шестата деценија: Има тело вретено, а еве што не јаде ни на сон!

Еве како Наоми Кембел ја одржува фигурата

Многумина се прашуваат како Наоми Кембел ја одржува линијата, а нејзините правила се многу јасни

Наоми Кембел е една од најпрепознатливите манекенки, чиј изглед со децении не се менува. Многумина се прашуваат како ѝ успева да изгледа како девојка на 54 години и која е нејзината рутина. Освен што има добра кожа, нема ни грам маснотии на себе, а телото ѝ е извајано и вретенесто.

Таа е во сѐ подобра форма благодарение на тренинзите на Џо Холдер.

Холдер и Наоми првпат почнале да вежбаат заедно пред неколку години, а таа вели дека тој ја научил како да ужива во вежбањето.

„Вежбам, но не во класичен фитнес-центар, не користам справи. Не можам да одам во обична вежбалница, тоа ме прави нервозна. Никогаш не сум сакала да вежбам пред да почнам да работам со Џо. Не ми се допаѓа сето тоа што тој ме тера да го правам, но не е важно дали ми се допаѓа. Важно е да се нападне телото во различни сегменти и да се стекне кондиција“, изјавила Наоми Кембел.

Во една пригода открила дека јаде само еднаш дневно, и тоа за ручек.

„Јадам за ручек. Ручекот е мојата вечера, бидејќи навистина јадам само еднаш дневно. Недела е денот кога се почестувам со нешто слатко, тогаш јадам десерти, торти и пудинзи“, објаснила манекенката.

Наоми одбегнува млечни производи и глутен, а во минатото постела со денови пред модните ревии.

„Јадам кога имам потреба и не се изгладнувам. Доколку некој ден не чувствувам потреба за храна, едноставно не јадам, пијам вода и сокови. Зависи од тоа како се чувствувам. Во текот на летните месеци и горештини, само сакам да пијам сокови“, открила Наоми.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.