Комплименти кои можат да го освојат буквално секој маж!

Кои зборови мажите едвај чекаат да ги слушнат? 

Има безброј комплименти кои можете да ги дадете на партнерот и кои ќе направат да се стопи, ви откриваме дел од нив!

На психолошкиот конгрес што се одржал неодамна во Берлин, било истакнато дека треба на мажот да се кажат нежни зборови на левото уво. Запомнете дека левата „женска“ страна е одговорна за емоциите и изразувањето чувства кај мажите. Важно е да се истакнат неговите машки квалитети: мажественост, одговорност, издржливост, волја и омилени карактерни црти. Тоа може да бидат не само комплименти кои го опишуваат изгледот и способностите, туку и зборови на охрабрување кои му даваат самодоверба на мажот.

„Многу сум среќна што те запознав.“

Мажите ценат кога се истакнува нивната ексклузивност. Мило им е што знаат дека за вас тие се најдобри во целиот универзум и незаменливи. Оваа фраза е прифатлива во секоја ситуација – било да е тоа вечера дома или во ресторан, или обична прошетка.

„Многу ми се допаѓаш.“

Снимете аудио порака во со овие зборови и испратете ја на вашиот партнер. Искрено кажете му колку го сакате и кои негови постапки ви се особено драги.

„Верувам во тебе.”

Успехот во кариерата и работата му помага на човекот да биде сигурен во себе и во својата иднина. А доколку поддршката доаѓа од жената која е до него, тогаш ова сигурно ќе биде извор на инспирација за него. „Верувам во тебе“ – три важни зборови кои на вашиот маж ќе му дадат поттик во неговиот развој.

„Горам од желба да те почувствувам.“

Ако сте интимни, погледнете го во очи и кажете му колку го сакате, како горите од желба. Спротивно на популарното верување, креветот е одлично место за разговор, најважно е дека се работи за секс и колку е прекрасен вашиот партнер.

„Многу си силен“

Кога ќе оди во теретана на тренинг или ќе ви помогне ако ви треба повеќе сила, дајте му го следниот комплимент: „Толку си силен, восхитена сум.“ Мажот ќе почувствува дека ви треба и ја цените неговата помош и ќе се труди да се одржи во добра физичка форма.

„Секогаш можам да сметам на тебе.“

Ако сте во друштво на пријатели или семејство, сетете се на ситуација кога вашиот маж покажал дека можете да сметате на него. И слободно споделете го со сите. Не заборавајте да го потсетите партнерот дека покрај него се чувствувате заштитени.

„Ти си најгрижливиот татко на светот“.

Ако имате деца, тогаш еден од добрите моменти да му дадете комплимент на вашиот маж е кога тој си игра со детето или оди на прошетка со децата. Нагласете дека тој е најдобриот и најгрижлив татко на светот.

 

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.