Што открива изгледот на усните за вашето здравје?

Промените на усните не се само естетски, тие откриваат многу за состојбата на нашето здравје и тело...

Ништо поубаво и поженствено од хидрирани, црвени усни. Но, што ако усните ја сменат бојата? Или одеднаш станат суви, болни и испукани? Дали некогаш сте имале отечени усни? О, да, исто како косата, ноктите, кожата – усните се добар показател за нашето здравје.

Време е да ги научиме сигналите што ги испраќаат нашите усни.

Испукани усни: Недостаток на вода

Испукани усни? Ветерот и времето не се секогаш виновни за промените на усните. Испуканите усни често се знак за општа дехидрација. Затоа, потрудете се да пиете доволно вода секој ден. Испуканите усни исто така може да укажуваат на воспалителни заболувања на кожата како што е невродерматитис. Затоа, доколку се појави чувство на печење или напнатост во усните, време е да посетите дерматолог.

Испукани агли на устата: Недостаток на хранливи материи

Доколку често чувствувате печење и пукање на аглите на усните, време е да ја проверите исхраната. Испуканите агли на устата често се израз на недостаток на хранливи материи. Урамнотежената исхрана базирана на многу свежо овошје и зеленчук го снабдува организмот со витамини и микроелементи. Ако ја регулирате исхраната, веројатно ќе откриете дека и вашите усни се опоравиле. Меѓутоа, доколку проблемот продолжи, се советува посета на дерматолог.

Модри усни: Недостаток на кислород

Ако надвор е ладно модрите усни се безопасни. Сепак, треба да се консултирате со вашиот матичен лекар доколку често се појавува промена на бојата на усните. Најчеста причина за тоа е недостатокот на кислород (во најлош случај поради проблеми со белите дробови или срцето), но можно е и нарушување на циркулацијата или труење.

Отечени усни: Знаци на алергија

Ако наеднаш почувствувате дека одреден дел или целата уста ви отекува, знајте – најверојатно имате прилично силна алергиска реакција. Во овој случај, треба да се направи тест за алергија, особено ако отечените усни се придружени со печење и чешање на устата. Ако имате плус симптоми како што се отежнато дишење, дефинитивно треба да се јавите на лекар.

Бледи усни: Недостаток на железо

Забележливо бледите усни често се знак за недостаток на железо. Тестот на крвта ќе ви даде јасна слика – можеби ќе треба да земате додатоци во исхраната. Како превентивна мерка, вклучете извори на железо во вашата исхрана како што е месото.

Плускавци: Херпес инфекција

Во ретки случаи, тие се предизвикани од нетолеранција на лекови, но обично овие промени на усните значат едно: херпес! Симптомите на херпес може повторно и повторно да се појавуваат ако вирусот мирува – обично во стресни ситуации или кога сте настинати. Што помага сега: масти со активната состојка ацикловир од аптека.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.