Дали мачката воопшто знае дека ја викаме? Дали може да го препознае своето име?

Мачката може подобро да реагира на личноста што ја сака.

Мачката многу добро го препознава сопственото име и го разликува од имињата на другите домашни миленици. Тоа го вели ветеринарката Тереза Мануси од Флорида, додавајќи дека препознавањето на сопственото име е поврзано со вниманието, храната и играта.

Мачките се многу интелигентни животни кои комуницираат преку различните позиции на телото. Така, различните положби на опашката на мачката се многу важни, како и позициите за време на спиењето. Мачките исто така имаат добар слух и можат да препознаат различни звуци.

Ако забележите дека вашата мачка реагира на вашиот глас, но не и на гласот на друг член на семејството, ова може да биде целосно точно.

Пред извесно време било направено истражување со 20 мачки, а целта на истражувањето било да се открие дали мачките го препознаваат гласот на своите сопственици.

Според резултатот, повеќето мачки целосно го игнорирале гласот на странците и покажувале интерес само кога ќе го слушнеле како зборува нивниот сопственик.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.