Совршен новогодишен коктел кој мора да го пробате! (ВИДЕО)

Потребни ви се само 3 состојки...

Овој вирален тренд го привлече вниманието  на луѓето, многу кружи на социјалните мрежи и е идеален за правење на интересен новогодишен коктел. Ова е многу лесен начин да додадете малку сјај и шмек на вашите коктели, со што ќе изгледааат интересно во празничен дух, и плус пијалокот цело време ќе биде ладен и пријатен. За овој пијалок најчесто се користи или пенливо вино или газирана вода, за да можете навистина да ги видите рузмаринот и брусницата, но искрено секој пијалок што е во светла боја совршено ќе одговара!

Состојки:
Гранче рузмарин
Свежа брусница
Вода

Подготовка:
Наполнете ја чашата за коктел со брусница, а потоа додадете го вашето гранче рузмарин. Истурете вода колку да го покрие дното на чашата, па ставете ја во замрзнувач! Кога сето тоа е замрзнато, истурете газирана вода или вино, и готово! За овој вирален тренд вреди да одвоите време!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Cortney LaCorte (@cheesegal)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.