Скандал во Америка: Актерот од серијата „Беверли Хилс 90210“ бил претепан од моторџии на улица, се појави и видео! (ВИДЕО)

Страшно...

Актерот Јан Зиринг, најпознат по улогата на Стив во култната серија „Беверли Хилс 90210“, бил нападнат и претепан во Холивуд на новогодишната ноќ, пренесува TMZ.

Тој бил нападнат од група луѓе кои возеле мотори. Полицијата околу 15 часот била повикана на раскрсницата на булеварот Холивуд и авенијата Хајленд по пријава за тепачка.

Не е јасно што ја предизвикало пресметката меѓу Зиринг и мотоциклистите, но на видеото кое е објавено се гледа како Зиринг турка еден од нив, кој е пред автомобилот на актерот, пред да започне општа тепачка.

Кога преминале на другата страна, Зиринг почнал да се брани, додека тие го удирале, а актерот во еден момент успеал да побегне.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.