Познатиот семоќен човек веќе не изгледа исто: Дури и тој остарел!

Не е виц – Чак Норис наполни 84 години

Холивуд не е ист откако се појави Чак Норис, а овој љубител на боречките вештини сега наполни 84 години

Во младоста, Чак Норис не планирал ниту имал намера да стане актер, а камоли легенда, но неговата љубов кон боречките вештини го одвела на потполно неочекуван ѕвезден пат.

Многумина го паметат како маж со брада и долга бакарна коса, но Чак веќе долго време не изгледа така. Годините се го направиле своето, па така, тој сега е потполно обелен, а по повод својот 84. роденден, споделил ново видео на социјалните мрежи.

„Можеби имам 84, но се чувствувам како да имам 48“, рекол тој оптимистично во видеото.

Иако ја гази деветтата деценија од животот, Чак сè уште е многу активен, па така и на роденденското видео вежба бокс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chuck Norris (@chucknorris)

Целиот свет има слушнато за неговото име, но славата му се случила сосема случајно. Во 1950-тите и 1960-тите служел воен рок, а додека бил стациониран во Јужна Кореја, почнал да ги проучува боречките вештини, што своевремено го одвело во актерските води.

По отслужувањето на воениот рок, станал првак во карате и отворил низа студија за карате во кои тренирал бројни славни личности, а откако се спријателил со Брус Ли, му се случила неговата прва улога во филмот Enter the Dragon. Тоа му ги отворило вратите во Холивуд и во 1970-тите и во 1980-тите години, тој станала една од најголемите акциони ѕвезди на големото платно, но улогата што му го обележала животот се случила 20-тина години подоцна, во ТВ-серијата „Волкер, тексашкиот ренџер“, која се емитувала осум години и која го претворила во култна личност.

Денес, Чак ретко се појавува во јавност, а последната улога ја има остварено во филмот The Expendables 2 од 2021 година.

Еден период на Интернет кружеа гласини и дека е мртво, кои го достигнаа својот врв за време на пандемијата на ковид 19, кога на социјалните мрежи почна да се шири веста дека починал од компликации поврзани со коронавирус, но излезе дека станува збор за дезинформации.

Инаку, Чак е во среќен брак со Гена О’Кели, а се венчале во 1988 година. Со неа има три деца Дакота, Дина и Данил, а со поранешната сопруга Дајан Холечек има два сина, Мики и Ерик.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.