Има речиси 100 години, а кога ќе облече мини-здолниште, сите мислат дека е девојка: Еве на што се должи нејзината младоликост!

Тајната на младешкиот изглед

Тајната на младешкиот изглед на жената која има речиси 100 години е многу едноставна

Џоан Вудхаус, на социјалните мрежи попозната како баба Џоан, има 93 години а изгледа како девојка. За неа годините се само бројка и тоа што се ближи до стотката не ја спречува да носи мини-здолништа, кратки фустани и тесни панталони. А кога ќе облече костим за капење, ѝ завидуваат и двојно помлади жени.


Многумина се прашуваат како ѝ успева на оваа баба да изгледа толку младолико, а таа несебично ја споделила својата тајна.

„Родена сум на 6. септември 1930 година. По војната, кога имав околу 16 години, на пазарот штотуку се појави крем за раце и лице и мојата пријателка ми ја донесе да ја пробам, бидејќи била одлична. Така, го користев тој обичен, универзален крем години и години. Мислам дека тоа е тајната на мојата младоликост.“

@joansumner1930♬ original sound – Grandma Joan


Луѓето често ѝ оставаат комплименти во коментарите:

„Изгледаш одлично“, „Мајка ми има 90 години, сите мислат дека е 20 години помлада, и таа исто користи обичен крем“, „Навистина неверојатно! Мајка ми има 91 година. Изгледаш многу помладо од неа“, „Џоан сè уште изгледа младо, бидејќи е млада во срцето и го живее животот како млада жена. Млада е однатре и однадвор.“


А таа им одговорила:

„Точно така. Оваа баба размислува и се однесува како млада жена, а нејзините пријателки немаат повеќе од 60 години!“


И покрај големата поддршка што ја добива, неретко ѝ велат и дека има направено пластични операции, што таа го демантирала.

„Никогаш не сум имала парите за тоа“, објаснила и додала:

„Кога луѓето ставаат ботокс, тоа се гледа, бидејќи се замрзнуваат.“

Џоан ги оперирала колковите и колената, но покрај тоа, многу е витална.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.