3 видови на храна кои можат да предизвикаат лош здив: Овие работи негативно влијаат на слузокожата на устата

Обрнете внимание и на количината што ја земате!

Оралната хигиена е многу важна за секој човек, а поради разновидноста на храната се случува некои намирници да ни го влошат здивот многу, а ние тоа се разбира дека воопшто не го сакаме. Така, оставаме впечаток дека не се грижиме доволно за себе и за своето здравје.

Стоматологот Харолд Кац објасни кои се видовите на храна по чие консумирање можеме да имаме лош здив, пишува „Медик Форум“.

Производи со сулфур

Оваа група на храна вклучува кромид, лук и кари, кои се богати со испарливи сулфурни соединенија. Тие остануваат во устата заедно со микрочестички храна или се фрлаат од желудникот во хранопроводникот. Четка за заби, гума за џвакање без шеќер или средство за плакнење уста може да го реши овој проблем – но само привремено.

Протеински производи

Ова ги вклучува месото, гравот и млечните производи, кои се „омилени извори на храна за бактериите во устата“, според стоматолозите. Колку е поголема концентрацијата на протеини во производот, толку поинтензивен може да биде непријатниот мирис. Протеинот е извор на амино киселини, кои под влијание на анаеробни бактерии се трансформираат во испарливи сулфурни соединенија.

Кисела храна и пијалоци

Овие производи имаат негативен ефект врз оралната слузница и придонесуваат за нарушување на киселинско-базната рамнотежа. Како резултат на тоа, бактериите кои придонесуваат за непријатниот мирис почнуваат поактивно да се размножуваат.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.