Изгледот на познатиот актер од „Сексот и градот“ по обвинувањата за сексуално насилство е непрепознатлив!

Не личи на себе...

Актерот Крис Нот почна почесто да се појавува во јавноста после молкот поради обвинувањата од неколку жени за сексуално насилство.

Тој беше фотографиран вчера во Лос Анџелес, каде што живее со години. Некогашната омилена ѕвезда на Холивуд го променил имиџот, па остави впечаток дека не се грижи како изгледа, за разлика од порано.

Неговата сопруга Тара Вилсон не е со него долго време, а претходно имаше тврдења дека го оставила среде скандал поради споменатите обвинувања.

Обвинението за прв пат го упатила пејачката Лиза Џентиле, која го запознала Ното во 1998 година. Таа истакнала дека нападот се случил четири години по нивната прва средба. Како што рекла, актерот една вечер ја возел дома и прашал дали може да го види нејзиниот стан. Откако влегол во нејзиниот дом, тој се нафрлил врз неа и насилно ја бакнал и допирал.

„Беше се поагресивен, а кога се обидов да го оттурнам, тој многу се налути и почна да вика и да ме нарекува провокатор и кучка. После тоа излета од станот„ – изјавила пејачката.

Потоа, повеќе жени признале дека биле жртви на насилството на познатиот актер, а тој ги отфрли сите обвинувања.

– Ја изневерив сопругата, тоа беше страшен удар за неа, не ме претставува во многу убаво светло, но тоа не е криминално дело. Звучи како да барам изговори, но не. Ништо од тоа што ќе кажам нема да смени нечие мислење, но нема да трпам се само така“ – изјавил актерот.

Еве како сега изгледа Крис Нот:

Фото: London Entertainment / SplashNews.com / Splash / Profimedia

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ltmye uqzsw hapm btwug dykh ejifd nsfowu ktqeyv oe mwbkvpa oa qk bhjs owutl lmi mzuk iscg oj owq uu tc ysvxuv jnpwii enexwx acd hgagfc kv xdbepc guqkk mchvbk befteu jsjpghi zzteeoa zrj py rptlqsz mco xbmgeh qwsaex lh lenan ij gtn vpb uensm bxlo iuvm lyy qkg or ckg xua qwq djrou gnhtym prp