Што откриваат вашите усни за вашето здравје?

Внимавајте на секој детал кога се во прашање усните...

Усните се показател за здравјето на целиот организам, затоа не игнорирајте никакви симптоми кои се појавуваат на нив.

Суви и испукани усни

Кожата на усните е исклучително чувствителна и тенка и прва реагира на недостигот на вода во организмот. Ако сте дехидрирани, во тој случај балсамот за усни нема да го реши проблемот, водата ќе го реши. Пијте доволно вода! Сепак, дехидрацијата не е единствената причина за суви усни. Вториот најпопуларен виновник е плунката која се суши и предизвикува испукани усни. Не ги лижете усните! Исто така сувите усни може да бидат показател за проблеми со хранопроводникот и желудникот (претежно гастритис). Најчесто проблемите во работата на внатрешните органи прво ќе се одразат на усните.

Пукнатини на рабовите на усните

Најчести причини за пукнатини во аглите на усните се бактериите кои се шират од усната шуплина (т.е. несоодветна орална хигиена). Проблемот е особено изразен кај луѓето кои носат протези. Затоа, доколку се појават пукнатини во аголот на усните, обрнете повеќе внимание на оралната хигиена. И ако проблемот продолжи, консултирајте се со лекар.

Пукнатините на аглите на усните, како и испуканите усни, исто така може да укажуваат на недостаток на витамини Б2 и Б3 и ослабен имунитет. Променете ја исхраната и посветете повеќе внимание на вашето здравје. Јадете здрава храна, што повеќе овошје и зеленчук.

Промена на бојата

Ако забележите дека вашите усни одеднаш ја промениле бојата, задолжително контактирајте го вашиот лекар. Може да укажува на проблеми со црниот дроб, хипертензија, алергии и разни други здравствени нарушувања.

Оток

Ако усните ви се малку отечени наутро, тоа значи дека има прекумерна акумулација на течност. Во други случаи, отечените усни укажуваат на алергиска реакција. Во двете ситуации, најдобро е да се консултирате со лекар. Во вториот случај, мора да го направите тоа што е можно поскоро.

Бледи усни

Неприродно бледите усни најчесто се резултат на анемија или проблеми со црниот дроб. Задолжително посетете лекар.

Зголемена чувствителност

Зголемена чувствителност, црвенило и иритација по должината на рабовите на усните може да бидат предизвикани од алергии, вклучувајќи хигиенски производи, на пример паста за заби. Таквата алергија е придружена и со црвенило на непцата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.