Јелена Томашевиќ низ солзи проговори за автоимуната болест: „Имам 36 години, а моето тело е како да имам 75 години“

Не и е лесно...

Јелена Томашевиќ веќе цела деценија се бори со автоимуна болест, а сега ги кажа тажните детали.

„Забележав еден месец по четвртото породување дека ми отече едниот прст, а потоа другиот. Отидовме кај лекарите кои ги направија сите потребни тестови и открија дека имам лупус. Тогаш за прв пат дознав дека постои болест под тоа име“ – изјави Јелена гостувајќи во емисијата „Ординација“.

Таа потоа откри што се случило по заминувањето во Атина, каде Дејан потпишал нов договор со клубот.

„Докторот ми објасни дека и покрај тоа што имам 36 години, телото ми е како да имам 75 години.На моја штета открија дека заедно со лупус добив и пропратно заболување кое се вика ревматоиден артритис“ – изјави Јелена.

Дејан тогаш открил дека неговата сопруга цело време била многу храбра.

„Јелена и да имала некои здравствени проблеми никогаш не се пожалила. Секогаш бев во центарот на вниманието. За прв пат таа не можеше да ги преземе своите обврски бидејќи имаше температура, тоа се случи во првите шест месеци. Нејзиниот најголем квалитет е што и покрај сите тие проблеми никако не ни дозволи да го почувствуваме тоа. Подоцна дознавме дека се обидувала да биде сама кога и е тешко, да оди да плаче, да им се јави на сестрите и да ја сподели нејзината болка, но се трудела да не дозволи во куќата да го забележиме тоа“ – вели Дејан.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.